Де Брујн не е сигурен дали и понатаму ќе игра за Белгија

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Eден од најдобрите фудбалери во историјата на белгиската репрезентација, Кевин Де Брујн не можеше да гарантира дека ќе продолжи со играњето во националниот дрес.

Белгија денес беше поразена од Фрацнија и така го заврши настапот на Европското првенство.

Де Брујн по поразот застана пред новинарите кои го запрашаа и за продолжувањето на кариерата во репрезентативниот дрес.

„Се уште е рано да зборувам на тоа прашање. Прво морам да го процесирам овој пораз и елиминацијата. Зад мене е долга сезона, потребно е да го одморам своето тело и да ги наполнам батериите. Својата одлука ќе ја донесам по летото“, изјави Де Брујн.

Белгиецот неодамна наполни 33 години, а исто така има договор со Манчестер Сити до наредното лето и призна дека не е сигурен и во останување во англискиот шампион.

Де Брујн признава: Ако пристигне апсурдна понуда морам да мислам на семејството, роднините, пријателите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот