Данските археолози открија педесет скелети од ерата на Викинзите

Фото: Ida Marie Odgaard / AFP / Profimedia

Данските археолози пронајдоа 50 исклучително добро сочувани скелети за време на ископувањата на местото на големата гробница од викиншкото време.

Ова откритие, како што се очекуваше, ќе помогне да се дознае повеќе за животот на овој нордиски народ познат по своите поморски кампањи во средниот век, објави денеска „Ројтерс“.

Скелетите, пронајдени во близина на третиот по големина дански град Одензе, останаа недопрени благодарение на високиот водостој и поволните услови на почвата кои го спречија нивното распаѓање, објасни лидерот на тимот археолози од локалниот градски музеј, Мајкл Боре Лунде.

Тој нагласи дека е неверојатно колку добро се сочувани скелетите, што отвора цела низа можности за нови откритија и сознанија.

Ископувањата кои започнаа пред шест месеци открија и ретки артефакти како што се ножеви, стаклени мониста и брошеви кои датираат помеѓу 850 и 970 година од нашата ера.

Според Лунде, повеќето од предметите пронајдени во гробовите укажуваат дека повеќето од луѓето закопани овде припаѓале на мала заедница на фармери, иако останки на женско лице кое имало повисок социјален статус и било погребано со нож украсен со сребро.

Поголемиот дел од скелетите беа извадени од гробовите и спакувани во картонски кутии во музејот, за да се исушат пред археолозите да продолжат со подетални анализи и нивно конечно чистење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот