Данска ќе инвестира околу 630 милиони долари во одбранбената индустрија на Украина

Оружје за Украина/ Фото: EPA/IVAN BOBERSKYY

Данското Министерство за одбрана денеска соопшти дека склучило договор со Украина за инвестиции во одбранбената индустрија на земјата во вредност од 628 милиони долари.

Договорот за намери за продолжување на соработката со украинската одбранбена индустрија го потпишаа данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен, неговиот украински колега Рустем Умеров и министерот за стратешка индустрија Херман Сметанин, пренесува Украинска правда.

Според соопштението, данските фондови ќе помогнат украинското оружје и опрема да стигне до фронтот.

Средствата од замрзнатите руски средства ќе бидат делумно искористени за тие финансии, а остатокот ќе го обезбеди данската влада.

„Ова ја зајакнува способноста на Украина да го произведе токму она оружје што и е потребно“, рече данскиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот