Даниил Видински избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

Фото: Принтскрин

Даниил Видински е избран за нов патријарх на Бугарската православна црква. Тој е четврти духовен поглавар од возобновувањето на патријаршијата.

69 од 138 делегати гласале за 52-годишниот Видински кој ја презема власта по смртта на патријархот Неофит во март.

Видински е роден во 1972 година во Смолјан под името Атанас Николов. Завршил средно образование во родниот град, а во 1996 година запишува Англиска филологија на СУ „Св. Климент Охридски“. Веќе следната година се префрла на Богословскиот факултет. Од 1997 година е послушник во Хаџидимовскиот манастир „Св. Георги“, по две години станува монах и е ракоположен за јероѓакон.

Во 2004 година е испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество Богородично“, каде што е ракоположен за јеромонах, а две години подоцна станува архимандрит. Во 2008 година по одлука на Светиот синод станува епископ во храмот „Св. Александар Невски“. Назначен е за викар последователно на Неврокопскиот митрополит Натанаил и митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф. На 4 февруари 2018 година е избран за Видински митрополит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот