Дали знаете што се случува со вашето тело ако пред спиење изедете само неколку ф’стаци?

несоница
Фото: Профимедиа

Имате проблеми со спиењето? Грст ф’стаци еден час пред спиење може да ви помогне да се подготвите за длабок сон.

Проблемите со спиењето стануваат сè почести во денешно време поради нездравиот начин на живот и лошата хигиена на спиењето. Носењето гаџети во кревет, тешката вечера и недостатокот на правилен распоред за опуштење може да влијаат на квалитетот на сонот. Меѓутоа, недостигот на одредени хранливи материи исто така може да доведе до проблеми со спиењето. Некои докази сугерираат дека несоодветното внесување на хранливи материи како што се витамините А, Ц, Д, Е и К, минералите калциум и магнезиум е поврзано со проблемите со спиењето, пишува „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times).

Во некои случаи, предозирањето со витамини исто така може да доведе до несоница. Храната како што се јаткастите плодови, семките, овошјето и зеленчукот е складиште на витамини, а некои од нив се многу ефикасни во решавањето на проблемите со спиењето. На пример, познато е дека ф’стаците се најдобриот јаткасто овошје за проблеми со спиењето според Ајурведата, бидејќи има најголема количина на мелатонин што може да помогне да спиете подобро и подолго. Помага во снабдувањето на телото со магнезиум и витамин Б6, кој помага за мирен сон.

Објаснувајќи ги повеќекратните придобивки од редовното консумирање ф’стаци, ајурведскиот експерт д-р Дикса Бавсар објаснува за порталот како јаткастите плодови помагаат во зајакнувањето во неколку аспекти на физичкото и менталното здравје.

– Според Ајурведата, ф’стаците се вата-шамака, гуру и ушна што ги прави најдобри за луѓето со анксиозност, несоница, неконтролирана желба за храна и дебелина. Тие го подобруваат апетитот, сексуалната моќ, расположението, па дури и сонот. Исто така се одлични и за срцето. Значи, за оние од вас кои се борат за црврст и длабок сон – предлагам да изедете грст ф’стаци еден час пред спиење наместо да земате таблети со магнезиум и мелатонин – вели д-р Бавсар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот