Дали знаете колку чинат свадбените бендови во Загреб? Подгответе се за шок

свадба
Фото: Pexels

Свадбениот ден е ден за паметење во животот на секоја двојка, а планирањето воопшто не е лесна задача. Изборот на сала за венчавки, цветни аранжмани, венчаница и костум… Лесно е да се изгубите во мноштвото детали кои мора внимателно да се одберат, но за добра прослава за многумина најважна е добрата храна и музика. А добрата музика треба „добро“ да се плати, судејќи по спотот на ТикТок на хрватскиот пејач Иван Стапиќ. Стапиќ беше тинејџерска ѕвезда во деведесеттите, а многумина сè уште се сеќаваат на неговите песни.

Овој весел Славонец денеска најмногу време поминува на разни прослави, па на својот ТикТок профил откри како варираат цените на бендовите на свадби, пренесува Вечерњи лист.

„Дали знаевте колку чинат свадбените бендови во Загреб? Подгответе се за шок! Цените на бендовите за свадби во Загреб и околината варираат во зависност од нивната популарност и искуство“, раскажува Стапиќ.

„Анонимните бендови кои немаат свои авторски песни чинат околу две до две и пол илјади евра. Свадбените бендови со долгогодишно искуство наплаќаат од две и пол до три илјади евра. Додека бендовите со оригинална работа и барем еден голем хит чинат од три до четири илјади евра. Сега замислете колку би чинел бенд со над 20 години искуство, неколку хитови, членови кои свиреле со најголемите имиња на локалната сцена“, вели Стапиќ. „Господ се кае за парите“; „Кумот се опива, а не ти треба ни бенд“, „Најдобро е да не се омажиш“, се само дел од коментарите на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот