Дали забраната за извоз на српскиот зејтин ќе ги загрози црногорските домаќинки?

img alt
Зејтин / Принтксрин-Јутјуб

Министерството за економски развој на Црна Гора бара одговори поради прекинот на снабдувањето со масло за јадење од Србија – 92 отсто од вкупната потреба од сончогледово масло за јадење се покрива со увоз од Србија, така што оваа забрана може да го загрози снабдувањето, но ги зголемуваат и цените на домашниот пазар, пишува „Вијести“.

Црногорските трговци и увозници од минатата недела имаат потешкотии да набават сончогледово масло за јадење од Србија, поради што Министерството за економски развој ќе испрати прашање до властите во Србија – дали е донесена официјална одлука за забрана за извоз на масло или некоја друга мерка, дознава „Вијести“.

Неколку црногорски трговци и производители на храна за „Вијести“ изјавија дека минатата недела од нивните добавувачи од Србија биле информирани дека повеќе не можат да им продаваат масло, бидејќи е донесена одлука за забрана за извоз на тој производ. Тоа важи и за количините кои се веќе договорени, а изворот на „Вијести“ вели дека во четвртокот од границата кон Србија е вратен еден контингент зејтин.

Црна Гора 92 отсто од потребите за сончогледово масло покрива со увоз од Србија, па оваа забрана може да ја загрози понудата на овој производ, но и да ги зголеми цените на домашниот пазар. Министерството за економски развој како ресор одговорен за трговија и следење на договорот ЦЕФТА, чиј член се Србија и Црна Гора, ќе го испрати прашањето до контактната точка на ЦЕФТА во Србија, а одговор може да очекуваме до утре“, изјавија за „Вијести“ од Министерството за земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот