Дали се губат калории со сончање? Одговорот може да ве изненади

Фото: pexels-olly

Ако се потите додека лежите на сонце, можеби мислите дека согорувате калории. Но самото потење не согорува калории и не придонесува за губење на несаканите килограми.

Што се случува ако се испотиме додека се сончаме?

Постојат две работи кои произлегуваат од потењето додека се сончате – регулација на топлина и забавен метаболизам, пишува „Лајвстронг“ (Livestrong).

Регулација на топлина

Луѓето, како и сите цицачи, се топлокрвни, што значи дека сами ја регулираат температурата на своето тело.

Кога вашето тело ќе почувствува дека е во средина која е премногу топла или студена, презема мерки за да ја регулира сопствената температура – имено, треперење во ладни средини или потење во топли.

Други физички реакции на високи температури може да вклучуваат мускулна релаксација и успорување на метаболизмот.

Бавен метаболизам

Метаболизмот е процес со кој телото ја претвора храната во енергија и ги снабдува клетките со таа енергија.

Оваа енергија може да дојде или од оброците или од резервите складирани во телото како маснотии.

Количината на енергија која ви е потребна зависи од вашето ниво на физичка активност. Но, телото во мирување сè уште бара минимално ниво на енергија за одржување на основните телесни функции – ова е познато како вашата базална метаболичка стапка или BMR.

Кога телото е топло и мирно, BMR опаѓа, што значи дека на вашето тело му требаат помалку калории за да продолжи да функционира. А бидејќи солариумот вклучува мирно лежење на сонце или на солариум, бара многу малку енергија. Со други зборови, лежењето на сонце не согорува многу калории.

Сонцето согорува само калории во општа смисла дека сè согорува калории. Вашето тело согорува дури и мала количина на калории само со дишење, варење храна и спиење.

Дали сончањето согорува масти?

Додека седењето на сонце не согорува калории, постојат научни докази дека изложувањето на сончева светлина може да му помогне на вашето тело да согорува повеќе масти.

Истражувањата покажаа дека брановите должини на сончевата светлина помагаат да се намалат белите масни клетки кои се наоѓаат веднаш под површината на кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот