Дали плачењето за време на секс или по оргазам е нормална појава?

Фото: tommaso altamura / Alamy / Alamy / Profimedia

Плачењето за време на секс или по оргазам не мора да укажува на чувство на тага. Освен тоа, плачењето додека се впуштате во таква физички и емоционално интензивна интеракција всушност и не е толку необично.

Научно гледано, плачењето за време на секс понекогаш се нарекува посткоитална тристеза (ПЦT). Ослободувањето на окситоцин и допамин ги подобрува емоционалните реакции кои го придружуваат оргазмот.

Напливот на чувства за време на оргазам кај некои луѓе предизвикува солзи радосници, додека други може да плачат од сосема спротивна причина. Ова е познато како посткоитална дисфорија (ПЦД) и резултира со лутина, тага, агресија, анксиозност и депресија.

Фреквенцијата на плачење за време на сексот и после кулминацијата варира. Во истражувањето на апликацијата „Фло“, 20-40 отсто од жените и мажите пријавиле дека плачат за време на сексуалниот однос. Додека мажите се чини дека имаат некоја форма на ПЦД, причините за плачење кај жените се малку посложени. Во основа, плачењето за време на секс и по оргазам е сосема нормална појава.

Покрај ПЦТ и ПЦД, постојат и други причини за плачење. Емоционалната врска помеѓу вас и вашиот партнер предизвикува солзи радосници или огромно чувство на љубов. Откако ќе ја прекинете таа врска (т.е. интимна физичка врска) со нив, почнувате да се чувствувате тажни.

Ако сте забележале проблеми во врската во последно време, може да се појават солзи на вина кога ќе ги задоволите вашите сексуални нагони бидејќи некако се чувствувате како да ја „искористувате“ таа личност.

Конечно, плачењето може да биде поврзано со трауми од минатото како сексуална злоупотреба и слично. Во овој случај, најдобро е да разговарате со сексуален терапевт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот