Дали Хрватите плаќаат речиси најскапи јајца во ЕУ?

Цени на пазарот, табла јајца/ФОТО: Слободен печат

Од почетокот на 2024 година во Република Хрватска е забележан тренд на намалување на цената на јајцата од класа А (Л и М), а во август годинава цената на јајцата е за околу 9,2 отсто пониска во однос на цената во јануари.

Просечната цена на јајцата (класа Л&M) во август 2024 година е за 15,6 отсто пониска во споредба со истиот период минатата година. Граѓаните велат дека јајцата се поскапи во евра отколку во куни. А вака велат податоците на Европската Унија. Според нив, Хрватска е трета најскапа земја за јајца. Повеќе плаќаат само во Малта и Австрија. Затоа и увозот расте. Во првите три месеци од годинава најмногу јајца се увезени од Полска – речиси 500.000 килограми, потоа од Германија околу 400.000 килограми, а нешто помалку од 200.000 килограми јајца пристигнале од Албанија, пренесува Нет.хр.

Но, увозот не ја намали цената ниту на домашните производители. Јајцата се скапи и покрај падот на цените на житарките. Производителите тоа го оправдуваат со зголемување на контролните цени. Она што повторно би можело да ја зголеми цената е поскапата храна за кокошките несилки, бидејќи зад фармерите е сушна година која може да ги „исуши“ паричниците на купувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот