Дали годинава е поскапо во Грција?

гиро
ФОТО: Приватна архива

Од почетокот на годинава се зборува дека цените во Грција се зголемени и дека тоа влијае на зголемување на цените за летувањето за луѓето кои ќе ја изберат оваа туристичка дестинација. Но, дали е така?

Проверките на бугарскиот портал бизнисновините.бг. покажа дека во северниот дел на Грција, Кавала и на островот Тасос, нема значително зголемување на цената на храната и пијалаците. Некои работи се со малку повисоки цени, но во никој случај не е нешто драстично. Истото важи и за патарините за автопатите. Цените на патарините се околу 2-3 евра, во зависност од тоа кој дел од автопатот се користи. Цената за траект до Тасос за автомобил со четиричлено семејство е 35 евра во еден правец. Цената на едно кафе еспресо е 2 евра. Фрапето е од 3 до 4 евра во зависност од објектот, а исто такви цени се наплаќаат и за капучиното. Цените се сосема исти како лани во ова време.

„Кока-кола“ од 250 мл чини 2,50 евра. Свежо цедените сокови чинат околу 4 евра, додека пивото се продава од 3 до 4 евра. Грчката салата чини околу 8-9 евра, порција гиро чини околу 10 евра, порција мусака околу 10-11 евра. Пржените лигњи чинат околу 12 евра, а октопод на скара околу 16-17 евра. Можете да јадете плескавици за 12 евра. Алкохолните коктели во баровите на плажа се од 7 до 10 евра во зависност од плажата и коктелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот