Дали главните ѕвезди во српската репрезентација го бојкотираат Пикси?

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Неуспешниот настап на Србија на Европското првенство, како што стојат работите, изгледа донел проблеми кои сега излегуваат на површината. Имено, по откажувањето на Душан Влаховиќ за натпреварите со Шпанија и Данска, селекторот Пикси остана и без услугите на Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.

Влаховиќ преку социјалните мрежи информираше дека поради „семејни причини“ нема да биде во можност да и помогне на репрезентацијата. Од друга страна информациите за Савиќ и Митровиќ се дека тие се повредени, меѓутоа чудно е што вчера одиграа 90 минути за Ал Хилал.

Самиот Пикси на прес-конференцијата изјави дека станувало збор за повреди, меѓутоа во јавноста преовладува мислењето дека главните фудбалери го бојкотираат Пикси и се незадоволни од неговата работа.

Србија во Лигата на нации на 5 септември ќе игра против Шпанија, додека три дена подоцна оди на гости кај Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот