Дали американското повлекување од Аванистан е стапица? Руски офицери ги обвинуваат САД дека ги снабдуваат Талибанците со оружје!

Авганистан. / Фото: EPA -EFE/MUHAMMAD SADIQ

Воената опрема и оружјето на американската армија се намeрно оставени во Авганистан, со цел да се зголемат борбените способности на Талибанците, тврди поранешниот руски полковник и воен експерт во Виктор Баранец, пренесуваат руските медиуми

Тој во во интервјуто дадено за Балтњус, тврди дека воената опрема и оружјето што ги оставила американската војска во Авганистан во динина ќе служи како ново оружје за потребите на Талибанците, а подоцна и за ширење на тероризмот во регионот.

Според рускиот офицер , на Русија и Кина не им треба американско оружје, бидејќи според сите технички показатели, е многу поинфериорно во однос на руското вооружување .

– Руските и кинеските хеликоптери се на многу начини супериорни во однос на оние црни јастреби, кои им останаа на Талибанците поранешниот офицер на руската армија Баранец.

Руските воени стратези велат дека Русија нема потреба да ја проучува американската технологија бидејќи „руската разузнавачка служба одамна ги проучува тактиките и техничките карактеристики на ова оружје“.

Како аргумент на ова се споменува и фактот дека самите САД купиле руски хеликоптери за својата армија.

Според пензионираниот полковник, Талибанците добиле околу 30 хеликоптери Блек Хок и повеќе од сто хеликоптери Ми-17, еднаш купени со американски пари.

 

Баранец предупредува дека повлекувањето на американските војници од Авганистан е стапица , а напуштената воена опрема намерно им била препуштена на терористите за да ја зголемат нивната борбена способност.

– Ова е стапица што Американците ни ја подготвија. Тие намерно ја напуштија оваа опрема. „Има десетици авиони и хеликоптери, стотици други оружја, а Талибанците сега располагаат со воена опрема што ја има моќната модерна армија, а Американците направија се за да ги вооружат Талибанците од техничка гледна точка“. обвинува пезнионираниот руски полковник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот