Даку повторно се огласи за скандалозното однесување во натпреварот со Хрватска

Фото: Mirlind Daku

Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку на Европското првенство се најде во центарот на вниманието поради скандалозното однесување и пцовките кои ги испрати и кон Македонците по натпреварот со Хрватска.

УЕФА за недоличното однесување му одреди два натпревари суспензија, а откако Албанија го заврши настапот на Европското првенство одлучи одново да зборува за тој инциент.

„По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови“.

„Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве загрева, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не го оправдува мојот потег. Веднаш по ова сфатив дека згрешив затоа што изговорив несоодветни зборови. Она што е најважно, не требаше да кажувам такви зборови за ниту еден народ. Тоа е едноставно неприфатливо. Тоа е ужасен чин. Жал ми е, и им се извинувам на сите што беа повредени од оваа постапка“, изјави Даку.

Даку покрај Македонците ги навредуваше и Србите, а бидејќи Албанија на ЕП одигра само еден натпревар по суспензијата тој ќе го пропушти и дуелот на оваа репрезентација од Лигата на Нации во септември.

ВИДЕО | Aлбански репрезентативец ги пцуеше Македонците и Србите по натпреварот против Хрватска

Албанската федерација се огласи за скандалот кој го направи Даку

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот