Д Викенд е во Србија? Популарниот пејач објави фотографија со српски производи и ги збуни сите

Абел Тесфаје (Д Викенд) / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Канадскиот пејач Абел Тесфаје, попознат како Д Викенд на социјалните мрежи објави мистериозна фотографија од човечка фигура во изработка. Она што сите ги збуни на фотографијата, е што во позадина, на масата се гледаат српски производи.

Имено, фотографијата на која се гледаат павлака, шише вода и чепкалки за заби од српско производство е без опис и локација, па поради тоа многумина се запрашаа дали пејачот навистина се наоѓа во Србија или се работи за нешто друго.

Како што пренесоа некои од српските медиуми Д Викенд не е во Србија, туку српски уметник ја создава оваа фигура за него за некој вид сценографија, а пејачот едноставно решил да објави за тоа.

Фото: Instagram / theweeknd

Додека пак, „24 седам“ пренесува дека пејачот сепак се наоѓа во Србија и сето тоа поради соработката со познатиот српски рапер со кој моментално се дружи, поточно Девито. Раперот е познат по тоа што често соработува со странски продуцентски куќи, иако минатиот пат беше дури и измамен. Сега, очигледно има можност директно со Д Викенд да договори дует, за кој сè уште не се знае кога би можел да биде претставен пред публиката.

Во секој случај, фотографијата предизвика бурни реакции, а коментарите под неа беа преплавени со српски знамиња.

„Брат Србин знае што е добро“; „Дали си во Белград?“; „Имаш пари за кантичка павлака“; „О Боже, тој во Србија ли е?“; „Вкусна ли е павлаката?“; „Срцето ќе ми застане, во Србија ли е?“, беа дел од коментарите.

Гледачите воочија детали: Селена Гомез е инспирација за контроверзната „The Idol“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот