Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор
Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи од зградата на ГОБ „8 Септември“, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, д-р Христијан Костов.
Останаа крвави траги: Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“
– Страшно и многу тажно. Станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор, со неколку прегледи од психијатар и терапија. Не ми е јасно како успеал да се ослободи од креветот. Со него во собата имаше уште еден пациент. Ја искористил петнаесетминутната пауза после визитата, кога немало никој во собата и си го одземал животот. Беше на интензивна нега, тешка слика на пневмонија, хоспитализиран седум дена. Нонстоп беше на терапија, ни рече доктор Костов.
Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт. Известени се сите надлежни институции Министерството за здравство, МВР и јавен обвинител. ДСЗИ прави надзор на лице место и телото е предадено на обдукција. По завршувањето на инспекцискиот надзор се најавуваат повеќе информации.