Д-р Беќаровски: Како делуваат отровите од чадот во затворен простор и како да се заштитиме

Проф. д-р Нико Беќаровски Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во врска со пожарот во станбена зграда во Чаир, преку Фејсбук објасни колку вдишувањето на токсичните супстанции може да влијае врз здравјето на пациентите и како граѓаните можат да се заштитат.

„При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот. Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди. СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ. Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат. СЕКАКО КАДЕ ШТО ГО ИМА“, вели докторот.

„Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА. Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести.Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари.При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди“, додава д-р Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот