ЦУК: Осум пожари на отворено – гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 727 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Во последното деноноќие имало регистрирано осум пожари на отворено на територија на државата. Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, отпад, гуми, сува трева и нискостеблеста вегетација.

– Од нив „реални“ повици биле 54,49 отсто, а 45,51 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,08 отсто, кон Итната медицинска помош 27,97 отсто, а кон пожарникарите 2,46 отсто од реалните повици кон 112 – се вели во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека двајца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 11:40 до 12:40 часот, со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 500 метри квадратни во Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Во период од 15:30 до 16:00 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 300 метри квадратни на улица „Скупи“ во Општина Карпош.

Четворица пожарникари со едно возило синоќа, од 18:10 до 20:00 часот, гаснеле запалена нива на површина од 500 метри квадратни кај Кадински мост.

Пожарникарите од 00:50 до 1:35 часот гаснеле запалено дрво и грмушки на површина од 10 метри квадратни на улица „2“ бр.16 во село Студеничани. Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило.

РЦУК Битола иинформира дека вчера, од 15:50 до 17:45 часот, двајца пожарникара интервенирале на запалено стрниште во село Долно Српци.

ТППЕ Кочани вчера, од 13:30 до 14:55 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и стрниште во село Зрновци. Со пожарот била зафатена површина околу 1 хектар.

Во период од 17:50 до 18:40 часот, четворица пожарникари интервенирале на запален одпад, гуми во село Сиричино, Општина Јегуновце.

ТППЕ Гостивар имала една помала интервенција, а ТППЕ Гевгелија од 4:05 до 4:50 часот со едно возило и двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпад во месноста викана Випро во Општина Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот