Црногорски и српски полицајци во заеднички патроли на приморјето

Фото: МИА

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на летната туристичка сезона, од денеска, 1 јули до 1 септември годинава, секојдневно ќе работат со своите колеги во Црна Гора – Бар, Будва и Херцег Нови.

Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона во 2024 година, еден униформиран полициски службеник и еден полицаец од крим-оддел од Србија ќе работат со колеги од Црна Гора, соопшти МВР на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот