Црногорците и Србите се жалат дека имаат најмалку слободно време, Финците се најлабави во ЕУ

Црна Гора граница
Црна Гора граница/ Фото: МИА

Според официјалната европска статистика, граѓаните на Финска се најзадоволни од количината на слободното време, а потоа следат Данска и Словенија. Најмал рејтинг во ЕУ е забележан во Грција и Бугарија, додека нивото на задоволство од слободното време во Србија и Црна Гора е уште помало.

Вкупното задоволство од количината на слободното време во ЕУ, во текот на 2022 година, изнесуваше во просек 6,8 поени, на скала од 0 (целосно незадоволен) до 10 (целосно задоволен), објави Евростат.

Овој рејтинг е ист во споредба со претходното истражување од 2018 година, според официјалната европска статистика. Истражувањето опфатило 20 варијабли, кои опфаќаа теми од личната благосостојба (задоволство од различни области од животот, позитивни и негативни чувства како среќа, припадност и осаменост) до учество во општествениот и културниот живот, објави Н1.

„Во 11 земји на ЕУ, целокупното задоволство од количината на слободно време е забележано на 7 поени или повеќе. Највисоки резултати се забележани во Финска (7,7), Данска и Словенија (и двете по 7,5). Најниски оценки се забележани во Грција (5,5), Бугарија (5,7) и Кипар (6,2)“, според Евростат. Кога станува збор за земјите кандидати – во нив степенот на задоволство од количината на слободното време е под просекот на ЕУ: во Србија оценката е 6, во Црна Гора само 5,3, а во Турција 4,8, додека податоци за Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија – нема. Домаќинствата без деца, лицата со пониско средно образование и постарите возрасни лица се позадоволни од количината на слободното време, според Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот