Црна Гора: Вредноста на минималната потрошувачка кошничка е 794 евра

Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври, според податоците на Монстат, изнесува 793,9 евра, што е за 1,6 отсто повеќе во однос на септември, а за речиси 19 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави РТЦГ.

Граѓаните сметаат дека по секое купување паричниците им се значително потенки и дека за основните производи, особено за храната, им требаат многу повеќе пари отколку порано.

Како што соопшти Монстат, од вкупната вредност на минималната потрошувачка кошничка, расходите за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 373,1 евра, додека расходите за непрехранбени производи и услуги 420,8 евра.

Расходите за храна и безалкохолни пијалоци во октомври годинава во однос на септември се за 1,7 отсто повисоки, а кај непрехранбените производи и услуги, во однос на септември, е забележан раст од 1,4 отсто, се наведува во извештајот на Монстат.

Споредено со јануари 2022 година, кога потрошувачката кошничка изнесуваше 681 евро, во октомври е повисока за 16 отсто или 113 евра, додека во однос на истиот месец од претходната година, кога изнесуваше 667,9 евра, денес е повисока за речиси 19 проценти.односно 126 евра.

Само трошоците за храна се повисоки за 71 евро во однос на јануари кога изнесувале 302 евра, а во однос на истиот месец од претходната година кога изнесувале 238 евра се повисоки за 135 евра, објави Фонет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот