Црна Гора ја погоди силно невреме, еден мртов

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА

Еден работник загина, а друг е повреден во невремето што денеска ја зафати Црна Гора, јави РТЦГ.

Поројни дождови и силен ветер ја зафатија Црна Гора од утрово. Локалниот портал Бар инфо пренесува дека во Чањ на градилиштето „Челебиќ“ загинал работник на кран, а во Лука Бар од силниот ветер паднал кран, при што било повредено едно лице.

Ветерот корнел и уривал дрвја низ цела Црна Гора, уништувал опрема на плажите на приморјето, оштетувал возила, а поради силниот дожд улиците биле поплавени и настанаа порои.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не патуваат доколку не е неопходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот