Црна Гора доби пофалби од ЕУ за реформите: Важно е да се остане на европскиот пат

црна гора знаме фото МИА

ЕУ смета дека Црна Гора ќе го задржи позитивниот реформски моментум на стратешкиот европски пат не само со зборови, туку и со дела од сите политички актери, во согласност со целта на земјата да се приклучи на Унијата како следна земја членка, соопшти Европскиот совет по средбата на неговиот претседател Шарл Мишел со шефот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Советот посочува дека по Меѓувладина конференција ЕУ-Црна Гора одржана минатата недела и позитивните Привремени извештаи за проценка за поглавјата 23 и 24 од страна на Европската комисија, важно е Црна Гора да остане на европскиот пат од сите аспекти и сите политички субјекти да работат заедно на спроведување на реформската агенда за членство во ЕУ.

Според Европскиот совет, има нов моментум во проширување на ЕУ и Црна Гора како фаворит во процесот на пристапување има реална можност да напредува, но таа не треба да се загуби или да се зема здраво за готово.

– Добрососедските односи остануваат суштински елемент на процесот на пристапување и не треба да бидат загрозени, се наведува во соопштението. при што се додава дека Мишел „ја цени посветеноста на претседателот Милатовиќ во оваа насока“.

Инаку, средбата Мишел-Милатовиќ уследи по одложувањето на посетата на претседателот на Советот на ЕУ на Црна Гора поради последните политички случувања во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот