Циклус „19“ на Христина Зафировска е претставен во Истанбул

Во соработка со македонскиот Културно Информативен Центар во Истанбул, Турција, и Министерството за култура, кое ја поддржува изложбата, од 22 август, во галерискиот простор при културниот центар во Истанбул, е поставена изложбата Циклус „19“ на академската уметница Христина Зафировска.

– Преку својот најнов циклус од 19 дела авторката, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди, кои се тесно поврзани меѓу себе, го интерпретираат биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината – истакнува кураторката на проектот Билјана Галоска.

Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот се уште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова, загатнува Галоска.

Христина Зафировска, досега има реализирано четиринаесет независни проекти, кои се претставени во Германија, Франција, Бугарија и повеќето градови во Македонија. Исто така, таа е дел од повеќе од 160 групни претставувања низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот