Чупеска: Зошто го билатерализираме прашањето и сакаме да преговараме со Бугарија, а треба со ЕУ?

Универзитетска професорка Ана Чупеска

„Албанците може да нема да бидат трпеливи додека ние уште сме во застој. Треба да ги антиципираме и можните негативни последици. Има индикации кои што ми даваат за право да антиципирам таква опасност“, рече професорката Ана Чупеска во гостување на „Канал 5“ околу македонскиот евроинтегративен пат.

„Зошто да бидат? Ако некој те кочи во развојот, а можеш нешто друго да правиш – ќе седиш, што ќе правиш? Тоа е нормална човечка природа“, рече Чупеска.

Таа истакнува дека треба да се најде начин како да се заврши обврската по пат на национален консензус и да ги почнеме преговорите со ЕУ.

-Самите процеси на преговарање имаат таква гравитациона снага да го покренат општеството, да ги прави побрзо реформите, рече професорката и додаде:

„Зошто ние сега го билатерализираме прашањето и сакаме да преговараме со Бугарија, а треба да преговараме со ЕУ? Ова ми е чудна тактика. Зошто се става фокус на Бугарија, а не на Унијата? Преговарачката рамка е од Советот на ЕУ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот