Чулев демантира дека се луксузирал со „Ајфони“, договорот со „Телеком“ е склучен кога Спасовски беше министер

Наќе Чулев/Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Согласно сметководствената евиденција Министерството за внатрешни работи нема евидентирано било какви расходи за конкретните телефони.

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение, во кое ги демантира наводите изнесени во поедини медиумите, во кои се вели дека ресорното министерство, односно Кабинетот на министерот Наќе Чулев потрошил „вртоглава“ сума пари на најмодерни Ајфони.

За еден телефон, платено е 86.990 денари, што е и највисока продажна цена за мобилен уред во нашата држава. Всушност, министерството платило 173.980 денари за набавка на два телефона за Кабинетот на министерот Наќе Чулев.

Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира објавите за наводно лускузирање на министерот Чулев за набавка на телефони.

Оттаму велат дека се работи за договор кој Министерството за внатрешни работи го има склучено со Македонски телеком во време на тогашниот министер Оливер Спасовски, а кој произлегува од правилникот за користење на службени мобилни телефони и на службени претплатнички идентфикациони модули во Министерството за внатрешни работи, кој исто така е потпишан од страна на тогашниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, според кој конкретната тарифа, предвидена во правилникот во износ од 2.740 денари претплата за позицијата „Министер за внатрешни работи“ дозволува набавка без надомест и задолжување на конкретните апарати.

Согласно сметководствената евиденција Министерството за внатрешни работи нема евидентирано било какви расходи за конкретните телефони.

Оттаму потенцираат дека договорите за набавка на мобилните апарати не предизвикуваат фискални импликации за Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот