„Чкембари“ со жестока реакција: Бараат оставка од Ангеловски, а Вардар го нарекоа – аматерски клуб!

Фото: И моето дете ќе навива за Пелистер/ФБ

Големо е незадоволството помеѓу битолските навивачи по лошиот почеток на сезоната, а сега навивачката група „Чкембари“ побара и заминување на тренерот Ангеловски.

Во својата реакција во која го нарекуваат и Вардар аматерски клуб со аматерски тренер, тие бараат оставка од Ангеловски.

„Ако после две изгубени финалиња (Куп,Супер Куп) и двата последни изгубни дерби дуели со најлутиот ривал, кој е со помал буџет но и со тренер аматер и играчи берени од аматерски клубој низ европа не е трагично, тогаш шо теба да дојди за да биди трагично ? Уште еден кикс и пропадната сезона ? На пријателска утакмица реми со ривалот е трагедија, а не пораз! Да не навлегваме јавно односот играчи/тренер, сите сме свесни зошто се играчите надвор од форма зошто играт вака, исто сите знајме дека имат многу поголеми квалитети и срамота е со овај ростер и со овај буџет да ги изгубиме 2те финалиња и 2та дерби натпревари, не можи играчи кој имат искуство во лига шампиони и ехф лига да бидат под ниво на секоја битна утакмица и да не можиш да извајш од нив ни 50%. Да дајш ваква изјава треба да немаш осет и да не го чуствуваш клубот како твој, ако тебе ти значи нешто Пелистер тогаш ке имаше доблест и уште после дербито сам ке си заминеше од клубот, а не да даваш вакви бесмислени изјави како не било трагично ! Абе ОБРАЗ ИМАТЕ ? ДОСТОИНСТВО ? Ова е ПЕЛИСТЕР не е мулти есенс па да не биди трагично, секој изгубен бод секој пораз на нашиот Пелистер е поќе од трагедија за нас!“, стои во реакцијата.
Навивачите најмногу се незадоволни од продолжувањето на серијата порази во Лигата на шампионите од минатата сезона, но и поразот од Вардар во дербито од Суперлигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот