Чикаго воведува полициски час по насилствата и грабежите

Фото: EPA-EFE/ANNE FIELDS

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек.

Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство” ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување” е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен.

На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.

Полицијата во Чикаго од понеделникот уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полиција.

Полицијата пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови.

Градските власти привремено ги прекинаа транспортните услуги до центарот на градот и ги крена мостовите.

Официјални лица соопштија дека 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.

Чикаго е еден од ретките американски градови каде употребата на оружје и убиства од неодамна е зголемена.

Најсмртоносен ден во последните 30 години беше во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот