Четири проверени трикови за најдобра чоколадна глазура: Нема да биде тврда или со грутки

стар леб чоколадна торта
Фото: Unsplash

Освен што на нашите торти и колачи им дава поубав и поелегантен изглед, чоколадната глазура им дава и подобар вкус, бидејќи сè е поубаво кога има барем малку чоколадо, зарем не? Колку е подобар квалитетот на чоколото, толку е подобра глазурата, подобро се стегнува и не пука при сечењето.

Исто така, колку што е важно да имате квалитетно чоколадо, исто толку важно е да ја подготвите глазурата на вистински начин.

1. Секогаш се меша со метална лажица

Чоколадото секогаш мешајте го со метална лажица или жица, доколку користите дрвени мешалки, можете да го „соберете мирисот“ од претходното јадење.

2. Доволно е тивок оган

За да не загори глазурата и да нема грутчиња, важно е да се растопи чоколадото на тивок оган.

3. Користете суви садови

Користете чист и сув прибор при топење на чоколадото. Не ставајте капак на тенџерето, за да не паднат капки вода во чоколадото.

4. Проверен рецепт

Користете проверен рецепт за чоколадна глазура, со кој нема да погрешите. На 100 грама чоколадо додадете 2 лажици масло, измешајте на тивок оган и прелијте го десертот.

Како да направите совршена чоколадна глазура

Чоколадото (заедно со путерот) можете да го растопите во микробранова печка или на пареа, а потоа додадете масло и малку вода и сè убаво измешајте додека не добиете густа, сјајна маса. А, штом глазурата малку се излади, спремна е да се прелие врз  колачот или тортата.

Рецепт за чоколадна глазура

Состојки:

– 150 грама темно чоколадо
– 50 грама путер
– 2 лажици масло
– 1 лажица вода

Подготовка:

1. Чоколадото грубо исечкајте го или искршете го на помали парчиња. Путерот исечете го на коцки.

2. Во длабок сад ставете вода и зовријте, па преку него ставете друг сад кој не ја допира водата и во кој постојано мешајќи ќе ги растопите чоколадото и путерот.

3. Во растопеното чоколадо додадете масло и лажица вода, па сè убаво измешајте и извадете го од „водената купка“. Изладете кратко и глазурата е подготвена за глазирање вашите торта и тартови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот