Четири милиони евра помош од Германија за санација на Албанија

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Владата на Германија ќе и додели грант од четири милиони евра на Албанија за санација на последиците од земјотресот кој се случи на 26 ноември.

Амбасадата на Германија во Тирана ја информираше денеска и официјално владата на Албанија дека Берлин ќе помогне во реконструкција после страшниот земјотрес на 26 ноември со грант од четри милиони евра преку Германската Банка за Развој.

Со грантот ќе се обноват училиштата и јавните згради во согласност со најновите стандарди за сигурност и енергетска ефикасност.

Во врска со оваа помош германскиот амбасадор, Петер Зинграф рече дека Германија ќе и помогне на Албанија во изградбата на училиштата и јавните инситуции.

-Овој грант е еден од елементите од германската помош после земјотресот од 26 ноември кој трауматизираше многу Албанци. Реконструкцијата ќе служи за враќање на нормалноста и секојдневниот живот- рече Зинграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот