Чешка затвори соларна централа откако произведе премногу енергија

Прага, Чешка/Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Иако е позната изреката дека вишокот не предизвикува главоболки, исклучок е примерот од Чешка поврзан со сончевата енергија. Чешка компанија беше принудена да затвори стотици соларни панели откако тие произведоа повеќе енергија отколку што можеше да поднесе мрежата.

Ова се случи бидејќи денот беше особено сончев, поради што производството на енергија беше високо. Тоа беше проблем за компанијата, која немаше план каде да го складира вишокот енергија.

– Чешка не е подготвена за обновлива енергија, бидејќи нема капацитет за складирање“, рече Јан Крчмар, директор на Чешката асоцијација за соларна енергија.

За време на сончево време, соларните панели често можат да произведат повеќе енергија отколку што може да користи мрежата. Доколку нема каде да се складира енергијата, тоа предизвикува нестабилност во мрежата, ја оштетува електронската опрема, а во екстремни ситуации може да доведе до прекин на електричната енергија – пишува „Еуроњуз“, пренесува Политика рс.

Поради ова, Цепс беше принуден да затвори електрани со вкупна моќност од околу 400 мегавати, или една шестина од вкупниот капацитет на соларна енергија во земјата. Во нормални услови, Чешка ќе го пренасочеше вишокот енергија во соседните земји, но тој ден беше толку сончев што ниту на соседите не им беше потребна дополнителна струја. Сите земји освен Данска, Португалија и Словенија имаа суфицит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот