Челси е сè поблиску до договор со Обамејанг, а сака уште едно засилување

Пјер-Емерк Обамејанг не е во плановите на Барселона/Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Челси преговара со Барселона за доведување на Пјер-Емерик Обамејанг, а покрај него менаџерот Томас Тухел во своите редови сака да го види и талентираниот играч на Евертон, Ентони Гордон.

Минатиот викенд Барселона побара 30 милиони евра за Обамејанг, кој не е во прв план кај тренерот Чави Ернандез. Челси не сака да троши толкава сума за напаѓач, но приоритет на Тухел е токму Обамејанг со кој веќе соработуваше во Борусија Дортмунд.

Во тој потенцијален трансфер би можел да биде вклучен и Маркос Алонсо, кој го загуби местото во тимот на лондонските сини“ и речиси не доаѓа предвид преселба во Каталонија.

Што се однесува до ситуацијата околу Гордон, раководството на Евертон одби понуда од 47 милиони евра. Но, клубот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен покрај пари да му понуди и некои играчи на клубот од Ливерпул, но сè уште не е прецизирано кои.

Гордон (21) порасна во Ливерпул, но е член на Евертон од 2019 година. За Евертон одигра 60 натпревари и постигна четири гола. Ги помина сите младински селекции на Англија, а пред неколку недели имаше понуди и од Тотенхем и Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот