Центарци ќе добиваат субвенции за нов велосипед, најмногу до 3000 денари

Велосипеди низ град/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Почнувајќи од денеска, центарци можат да се пријавуваат за субвенции за секој купен велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Општина Центар го објави јавниот повик за доделување субвенции во рамки на проектот „Цел Центар на точак“. Финансиската поддршка изнесува 30 проценти од сумата на купениот велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар може да се пријави на овој Јавен повик. Морам да нагласам дека велосипедите и електричните тротинети треба да се купени по 1.6.2024. Потребно е само да ја доставите потребната документација. Проектот „Цел Центар на точак“ со години наназад се покажа како успешен. Центарци имаат навистина огромен интерес, а во исто време проектот придонесува кон здрава и чиста животна средина, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

За да се аплицира за финасиска помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

Барањето за субвенција е достапно во архивата на Општината, лоцирана во барака 6, но и на официјалната веб-страница на Општина Центар. Комплетната документација заедно со барањето се доставува во архивата од 9 до 15, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик.

Субвенционирањето трае сѐ до исцрпување на средствата, а правото на субвенција е еднократно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот