Цените на лежалките во Грција колку ноќевање во апартман

Фото: pexels-quang-nguyen-vinh

Додека во некои делови од Грција лежалките и чадорите чинат околу десет евра, во други чинат речиси колку една ноќ во апартман.

Цените на услугите во популарните одморалишта се менуваат секоја година. На нивниот ненадеен скок најмногу влијае зголемениот број туристи, но и моменталната економска состојба.

Секоја година на социјалните мрежи посетителите на омилената летна дестинација Грција, ги споделуваат своите искуства, т.е. каде има најголема гужва, кое е најдобро место за одмор и што е сепак најважно за сите – какви се цените на храната, пијалаците, лежалките и сѐ останато.

Во фејсбук-групата „Во живо од Грција“ (Live from Greece) еден следбеник опиша каква е моменталната ситуација во Кефалонија, на плажата Коста Коста (Costa Costa Beach). Чадор и две лежалки од 1 јули до 31 август чинат 40 евра, но за првиот ред лежалки треба да платите 60 евра, а за вториот ред 50 евра, пренесува „Б92“.

Речиси секоја туристичка агенција, како и порталите посветени на летните одморалишта, секогаш укажуваат дека цените на лежалките и чадорите на плажите не треба да ги загрижуваат туристите бидејќи, според нив, секогаш има дел од плажата каде што можете да поставите свој чадор и крпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот