Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува.

Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,080 денари за килограм.

Од 2.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2 јули 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот