Царинската управа на Хрватска нуди 30.000 евра: Никој не се пријавил за ова работно место

Граница Србија и Хрватска/ Фото EPA/DAVOR ERCEG SERBIA OUT

Министерството за финансии, односно Царинската управа на Хрватска, беше подготвена да даде 30 илјади евра на фирма која за откривање пари и дрога може да дресира две кучиња на возраст од 10 до 30 месеци, а со нив и четворица цариници кои ќе се „справат“ со нив. Биглот е само еден од видовите што дошле предвид, од Царината велат дека е во ред и да се унгарска цисла, германски померанец, лабрадор, ретривер или шпаниел, сè додека нивното здравје е совршено.

Кучето мора да може да го прегледа багажот, пакетите и предметите на подвижна лента (аеродром, пошта) со активно обележување (гребење). Едно службено куче при претресот мора да може да открие мирис на евровалута, а може да открие и мирис на дрога: марихуана, хашиш, кокаин, хероин, екстази и метамфетамин“, појаснија од Царинската управа, додавајќи дека конечното тестирање на кучињата ќе го изврши нивната комисија, а процентот на наоди мора да биде сто проценти. Но, сè уште немаат врска со дресурата на кучињата и нивните тренери, бидејќи не е пристигната понуда за конкурсот објавен од Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот