Бурниот живот на Џенис Џоплин: Била избрана за најгрда жена на факултет, а Џим Морисон бил фасциниран од неа

Фото: Profimedia

Американската блуз пејачка Џенис Џоплин била толку популарна што многумина ја нарекувале „кралица на рокенролот“. Таа го живеела секој момент како да ѝ е последен, за да умре на 27 години од предозирање. Да беше жива, на 19 јануари годинава ќе наполнеше 81 година, пишува „Стил“.

Еве неколку помалку познати факти за фасцинантната уметница:

Таа била избрана за најгрда личност на кампусот додека студирала на Универзитетот во Тексас

Растејќи, Џенис Џоплин имала прекумерна тежина, имала проблеми со акни и била малтретирана на универзитет. Сестринството ја прогласило за најгрдата личност на кампусот, што оставило длабоки лузни на нејзината душа. На крајот, Џоплин го напуштила колеџот бидејќи не можела да се справи со малтретирањето.

Го сменила тестаментот два дена пред да умре

Се чини речиси чудно што Џоплин го сменила тестаментот само два дена пред да почине. За време на промената, таа упатила неколку барања кои ќе бидат од корист за нејзините пријатели и семејството, а одредено дополнително богатство ќе им припадне на нејзините браќа и сестри. На крајот побарала да бидат издвоени 2.500 долари за нејзините пријатели да организираат забава. Барањето им овозможило на 200 луѓе да имаат целоноќно собирање во „Lion’s Share“, кој бил нејзиниот омилен бар. Џенис Џоплин на крајот беше кремирана, а нејзината пепел беше расфрлана низ Тихиот Океан, како и по плажата Стинсон во Северна Калифорнија.

Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Џим Морисон бил фасциниран од неа, па му скршила шише од главата

Како две од најголемите музички ѕвезди од шеесеттите години на минатиот век, било речиси неизбежно Џенис Џоплин и Џим Морисон да завршат на истото место. Продуцентот Пол Ротшилд ги поканил и двајцата на забава бидејќи и двајцата сакале да пијат и се согласувале кога беа трезни. Џоплин била пријатна алкохоличарка, но Морисон често покажувал насилно и одвратно однесување. Откако Џоплин го одбила бидејќи неговото однесување ѝ било одвратно, Морисон само станал позаинтересиран за неа. Тој ја следел додека Џоплин не го удрила со шише по глава, нокаутирајќи го. Морисон и тогаш не застанал – ја следел барајќи ѝ го телефонскиот број. Многумина велат дека тој тогаш рекол: „Каква голема жена, одлична жена“.

И покрај ниската самодоверба, таа се соблекувала на сцената

Фотографот Боб Сајдман сакал да ја искористи фотографијата на Џоплин за да ја овековечи хипи културата, па ја прашал дали ќе позира топлес. Џоплин решила дека повеќе би сакала да позира целосно гола, иако не морала. Боб Сајдман со задоволство се присети: „Така беше. Таа навистина сакаше да се соблече“. Фотографијата била објавена во 1972 година, неколку години по нејзината смрт. Исто така, Џоплин немала проблем да се соблече додека настапувала пред публиката. Промотор на концерт во Питсбург се сеќава дека таа подоцна отишла на сцената затоа што имала секс во соблекувалната. Кога таа излегла, тој рече: „ Кога стигнав таму, Џенис конечно се искачи на сцената. Таа носеше проѕирно мрежесто здолниште без долна облека на себе. Кога светлото беше на неа , сè беше видливо“.

Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Ноќта кога умрела требало да спие во тројка со дечко и девојка

Џенис Џоплин имала многу бурни односи – со мажи, но и со жени. Кога растела, бисексуалноста се сметала за голем грев. Вечерта кога починала таа требало да има секс со своето момче Сет Морган и поранешната девојка Пеги Касерта, но никој од нив не се појавил во нејзината хотелска соба.

Верувала дека е реинкарнација на Беси Смит

Беси Смит била американска блуз и џез пејачка за која Џенис Џоплин верувала дека е нејзина реинкарнација. Смит загинала во сообраќајна несреќа кога имала 43 години, а била погребана без маркер. Кога Џоплин го открила ова, таа била бесна и ја платила надгробната плоча заедно со ќерката на еден од работниците на Смит. На надгробната плоча напишала: „Најголемата блуз пејачка на светот никогаш нема да престане да пее“.

Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Починала од предозирање со хероин

Во една прилика еден лекар ѝ рекол дека ако продолжи со овој начин на живот, нема да доживее 24 години. Таа била лудо горда кога му докажала дека не е во право. Многу луѓе околу неа во тоа време користеле психоделични дроги како што е ЛСД, но Џоплин главно се држела за алкохол , а потоа развила зависност од хероин во средината на шеесетите години. Нејзината употреба на дрога и пиење се влошиле и до 1969 година таа консумирала хероин во вредност од 200 долари дневно. Некои од нејзините пријатели се обиделе да интервенираат и таа успеала да го напушти херионот, за подоцна да му се врати. На 4 октомври 1970 година, таа требало да снима песна, но била пронајдена мртва во нејзината хотелска соба. Таа се предозирала. Нејзината смрт на 27-годишна возраст ја смести во „клубот 27“, кој вклучува и други уметници кои починале на таа возраст – Џим Морисон, Џими Хендрикс, Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот