Бугарските банки ги заоструваат хипотекарните кредити!

Од денеска стапуваат на сила новите барања на Бугарската национална Банка до банките во однос на показателите за кредитните стандарди при одобрување и повторно преговарање за кредити обезбедени со станбени недвижности, објави Телеграф.бг.

Барањата го опфаќаат секторот „Домаќинства“ и се однесуваат на заеми обезбедени со станбени недвижности. Барањата предвидуваат односот помеѓу износот на заемот и вредноста на колатералот во моментот на доделувањето да не биде поголем од 85%, а односот помеѓу износот на тековните плаќања во врска со сервисирањето на долгот и месечниот приход на заемопримачот на времето на доделување не е повисоко од 50 проценти, а максималниот рок на договорот за заем не треба да биде подолг од 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот