Бугарскиот ВД премиер со замерка до Македонија, „треба да ги исполни обврските за да напредува на патот кон ЕУ“

Македонско и бугарско знаме/ Фото: Слободен печат/ Архива

Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да напредува на патот кон Европската унија. Ова го изјавил бугарскиот вршител на должноста премиер Димитар Главчев на Самитот на ЕУ, соопшти прес-службата на неговиот кабинет.

Главчев, во Брисел, ја отворил темата во врска со случувањата во државава во последните недели. Тој, како што пренесува БТА, укажал на „сериозните предизвици што се појавуваат во однос на европската перспектива на земјата кандидат за членство во ЕУ“.

При пристигнувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, вчера Главчев рече дека „очекува Северна Македонија да ги почитува договорите“ и дека „ќе ги потсети европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка“.

„Во декември 2023 година тоа беше малку поконкретизирано и фокус беше ставен на уставните измени. Во последно време слушаме изјави од партиски лидери, но и од владини раководители во Република Северна Македонија дека нема да се извршат такви измени, рече Главчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот