Бугарите го одбија Орбан: Не ни требаат посредници, европскиот договор со РСМ е јасен

SP / Dragan Mitreski

Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес. Ова го изјавил министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија Иван Кондов за БГНЕС, коментирајќи го понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје.

Орбан денеска по средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Охрид изјави дека Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија.

„Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник, ќе видиме. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им помогнеме“, изјави Орбан.

Во однос на одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, Орбан рече дека тоа е „голема грешка“ и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започне преговорите за зачленување во ЕУ.

„Тешко е да се разбере од една нација постојано да се залажува со започнување на преговорите за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина“, рече унгарскиот премиер, кој е во дводневна официјална посета на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот