Бројот на жртвите во ураганот Хелена се зголеми на 116, илјадници луѓе останаа без домови

Ураган Хелена / Фото: EPA-EFE/CITY OF ROCKY MOUNTAIN

Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области.

Официјалните лица брзаат да испорачаат основни материјали за настраданото население, да го обноват снабдувањето со електрична енергија и да ги расчистат блокираните патишта, пренесува „Си-би-ес- њуз“.

Ураганот Хелена предизвика огромно уништување и ја исклучи електричната енергија за неколку милиони луѓе.

Невремето во четири часот навечер го погоди крајбрежното подрачје кај Биг Бенд, Флорида, а Хелен е третиот ураган што ја погоди областа во последните 13 месеци, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата вечерта доби извештај за последиците од разорната бура на огромен дел од јужниот дел на САД и најави дека оваа недела ќе ги посети областите погодени од ураганот.

Белата куќа објави и дека потпретседателката Камала Харис ќе ги посети областите погодени од невремето „што е можно поскоро“.

Потпретседателката на САД одлучи да ја прекине кампањата во сојузната држава Невада и денеска да се врати во Вашингтон на брифинг за одговорот на последиците од ураганот Хелена, соопшти Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот