Бројот на загинати од ураганот Хелен се искачи на 120, два милиони домови останаа без струја

Спасувачките екипи во западниот дел на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина сè уште е непозната, три дена откако ураганот Хелен го опустоши југоисточниот дел на САД.

Бројот на жртвите од невремето во шест држави се искачи на 120, а милиони луѓе останаа без струја и без пристап до интернет, јавува Гласот на Америка.

Во тешко погодениот планински округ Бамкомб во Северна Каролина, каде што се наоѓа градот Ешвил, загинаа 35 лица, изјави локалниот шериф во понеделникот.

Залихите на вода и храна беа доставени со хеликоптери и авиони до жителите на областите кои останаа изолирани поради поплавите и прекините на електричната енергија.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, предвиде дека бројот на жртвите ќе се зголеми бидејќи спасувачите се приближуваат до областите отсечени од урнатите патишта, оштетената инфраструктура и големите поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот