Бројни гласини дека бил насилен: Шон Пен откри дали ја удрил Мадона со палка за бејзбол

Мадона и Шон Пен / Фото: Profimedia

Американскиот актер Шон Пен (63) проговори за гласините дека своевремено бил физички насилен кон поранешната сопруга, пејачката Мадона (65).

Во своето најново интервју за „Њујорк тајмс“, оскаровецот се присети на моментот кога група специјалци му влегле во домот откако Мадона забележала оружје во неговиот дом, па пријавила во полиција.

„Во домот ми влегоа специјалци! Им реков ’Не излегувам, ќе довршам со појадокот‘. Но, во следниот миг почнаа да кршат прозорци околу куќата и влегоа внатре“, раскажа тој.

Она што го одбележа бракот на оваа позната двојка, кој траеше од 1985 до 1989 година, беа бројните обвинувања на сметка на актерот, меѓу кои и дека во 1987 година ѝ ја удрил главата на пејачката со палка за бејзбол.

Фото: PHOTOlink / Everett / Profimedia

Ова го чул од неговата тогашна девојка, која била исплашена од таквите гласини. Сега тој ги негира овие тврдења.

„Ме гледаше како да сум ѝ го убил кучето и почна да ме прашува кога сум ја удрил Мадона со бејзбол палка. Немав поим за што зборува. Фер е да кажам дека не сум најдобрата личност на планетата. Но, дури и ако Мајк Тајсон го удрам со бејзбол палка по глава, тој ќе заврши во болница“.

И покрај бурниот развод, Пен и Мадона денес се добри пријатели.

„Мадона е личност што навистина ја сакам. Излезе дека е многу полесно да се обнови пријателството по развод кога немате деца“, откри тој при разговорот за „Њујорк тајмс“.

Се проценува дека имало 1,6 милиони луѓе: Мадона одржа бесплатен концерт во Рио и ја претвори плажата Копакабана во огромен подим за танцување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот