ВИДЕО | Бритни Спирс доживеала несреќа: Каминот ми експлодираше в лице, седум часа трпев болка

Фото: Скриншот/Јутјуб

Американската пејачка Бритни Спирс деновиве повторно стана активна на Инстаграм и на своите следбеници им раскажа за несреќата во која за малку ќе се „запалела“, а тоа се случило пред неколку месеци. Таа го сподели видеото на Инстаграм, а со своите следбеници зборуваше со британски акцент, пренесе „Пејџ сикс“.

Таа раскажа дека нејзиното осигурување обично се грижи за палење на каминот бидејќи во минатото имала проблеми со него. Меѓутоа, пред шест месеци решила сама да го запали огништето и каминот, како што вели, ѝ пукнал во лице. Спирс тврди дека претрпела изгореници од втор и трет степен и ги изгубила трепките и веѓите.

Фото: SMG / Zuma Press / Profimedia

На следбениците им ги покажала и нерамните шишки, за кои вели дека се последица од несреќата со каминот.

Пејачката изјави дека по несреќата го ладела лицето со мраз, трпела болки следните седум часа, а потоа зела три лека против болки пред да заспие.

„Ме болеше кога го допрев мобилниот телефон. Ме болеше кога го ладев лицето со мраз. Многу, многу лошо“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот