Британското министерство за одбрана: Одигравме важна улога во спречувањето на понатамошна ескалација на Блискиот Исток

Балистичка ракета со долг дострел истрелана од Иранската револуционерна гарда за време на маневар на неоткриена локација во Иран, 9 март 2016 година Омид Вахабзадех/АП

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека два нејзини воени авиони и авион танкер синоќа учествувале во акции насочени кон спречување на понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, но не гаѓале ниту една цел.

– Со тоа тие ја покажаа несомнената поддршка на Велика Британија за безбедноста на Израел. Со оглед на природата на нападот, тие не гаѓаа ниту една цел, но одиграа важна улога во поширокото одвраќање и спречување на понатамошна ескалација, објави британското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс.

Иран синоќа истрела околу 200 проектили врз Израел како одговор на израелската операција во Либан против Хезболах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот