Британските експерти предупредуваат на нов руски напад во Вуледар

Севернодоњецк фото EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Руските сили силно го гранатираа украинскиот град Вуледар во јужниот дел на источниот регион Доњецк, соопшти денеска британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своето воено разузнавање.

„Постои реална можност Русија да подготвува нов офанзивен обид во оваа област и покрај огромните загуби што ги претрпе на почетокот на февруари и крајот на минатата година“, се вели во извештајот објавен утрово.

Рускиот генерал Рустам Муратов, командант на Источната група на руските вооружени сили во Русија, најверојатно ќе биде под голем притисок да ги подобри своите перформанси во Вуледар по жестоките критики од руската националистичка заедница, соопшти британското Министерство.

„Меѓутоа, малку е веројатно дека Муратов има доволно сили на располагање за да постигне успех“, според британските разузнавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот