Британскиот премиер мора да враќа подароци вредни 7.000 евра, му пропаднале и билети за Тејлор Свифт

Number 10 / Flickr

Британскиот премиер Кир Стармер, критикуван за прифаќањето подароци од донатори, ги вратил повеќето од тие подароци во вредност од 6.000 фунти (7.200 евра), меѓу кои билети за концерт на Тејлор Свифт, јави неговиот кабинет.

Одлуката е донесена по повеќенеделната дебата околу подароците што ги примаат лидерот на лабуристите и повеќе негови министри. Стануваше збор за медиумски извештаи според кои Стармер од декември 2019 година добил подароци во вредност од 105.147 фунти (127.278 евра).

Тие подароци, кои се легални и пријавени во регистарот на Парламентот, Стармер ги добивал додека бил лидер на опозицијата, но и откако дојде на функцијата премиер по победата на лабуристите на парламентарните избори во јули.

Во соопштението на „Даунинг стрит“ се наведува дека Стармер се обврзал да ги преиспита прописите околу приемот на подароци и покани.

Покрај неколкуте билети за концертот на американската пејачка Тејлор Свифт, вратената сума покрива и четири билети за коњички трки како и договор за изнајмување скапа облека за неговата сопруга Викторија Стармер.

Конзервативната пратеничка Кеми Баденох, кандидатката за преземање на лидерството на ториевците, го обвини Стармер за лицемерство. Кога беше во опозиција, тој често им замеруваше на своите противници дека се отуѓени од обичниот човек.

Неговиот главен донатор, Вахид Али, мултимилионер и член на Домот на лордовите (горниот дом на Британскиот парламент) е под парламентарна истрага која се обидува да ги расветли потенцијалните кршења на парламентарните прописи поврзани со тие подароци и покани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот