Британка престојувала повеќе од дозволеното во Македонија, полицијата ја приведе

Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Педесет и тригодишна Британка била приведена на скопскиот аеродром бидејќи престојувала повеќе од дозволеното во Македонија.

„Вчера во 15.10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Н.Р.Ј.М.(53) од Велика Британија, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека го пречекорила дозволениот престој во државата“, информираат од МВР.

Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот