Британка освоила џекпот откако не го послушала својот сопруг: Неговиот совет за малку ќе ме чинеше 200.000 фунти

Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Една Британка освоила џекпот на лотарија од околу 235.000 евра, односно 200.000 фунти, откако го игнорирала советот на нејзиниот сопруг да ја откаже уплатата на лото.

Имено, Џони ѝ рекол на сопругата Сали да ја откаже уплатата два месеци пред нејзината голема победа, но признал дека е среќен што не го послушала. Инаку, Сали и Џони го поделиле џекпотот од милион фунти со уште четворица соседи, пишува „Мирор“.

„Ѝ кажав да откаже пред два месеци, но таа никогаш не ме слуша. Сега ми е мило што ме игнорираше. Би плачел денес да беше така. Јас сум без зборови, таа најмногу го заслужува тоа“, рекол Џони.

Среќните добитници веќе почнале да планираат како ќе го потрошат својот дел од парите. Сали, која работи како здравствена работничка, планира одмор во Дизниленд со синот и ќерката и рекла дека наградата може да ги забрза плановите на нејзиното семејство за купување на нов дом.

„О Боже! Не мислев дека ќе имаме толку многу пари. Не знаете колку ми значи ова. Имам шампањ во фрижидер, за секој случај“, додала Сали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот