Британка доживеала шок: „Седнав во авионот за Париз, брзо заспав, а кога се разбудив – тоа не е Ајфеловата кула!“

Фото: Принтскрин/Инстаграм/EPA-EFE/YOAN VALAT

Патничката Џем Мејбенк (30) од Западен Јоркшир, Британија, немала поим што ќе се случи со неа додека се качувала во авионот на „Рајанер“, кој од аеродромот „Лидс-Бредфорд“ требало да ја однесе во Париз. Таа поминала, како што верувала, низ правилниот излез, каде што персоналот на аеродромот го скенирал и го проверил нејзиниот авионски билет.

Кога се качила во авионот, сфатила дека нејзиното седиште 34А не постои. Таа тврди дека екипажот во кабината ѝ рекол дека тоа понекогаш може да се случи при префрлување на летовите.

Џем удобно се сместила на своето доделено место во авионот и се препуштила на летот, кој, наместо предвидениот еден час, траел два часа. Подолгото летање мислела дека има врска со турбуленциите и не се вознемирила премногу, па сепак ѝ почнал одморот. Таа не слушнала никакво предупредување од пилотот или некој од екипажот и брзо заспала и го преспала целиот лет.

Ги отворила очите, кога – изненадување! Џем низ прозорецот гледала во палми и планини додека нејзиниот авион слетувал.

„Ова не изгледа како Ајфеловата кула, а ниту како Париз“, помислила во тој момент, прераскажувајќи ја случката подоцна за „Дејли мејл“. Дури тогаш сфатила дека случајно се качила на погрешен лет за Аликанте, Шпанија, а не за Париз.

Мејбенк признала дека никогаш порано не била во Аликанте.

Таа чекала сите да излезат од авионот, а потоа отишла кај член на кабината на „Рајанер“ и му објаснила во каква ситуација се нашла. И понатаму била збунета како ѝ се случило такво нешто и претпоставувала дека погрешно го прочитала бројот на излезот на аеродромот.

Вработените, исто така, биле многу збунети и не разбрале како се случило тоа.

„Ми рекоа дека тоа никогаш порано не им се случило, но ми средија подоцнежен лет за Париз, што е добро“, изјавила 30-годишната девојка за „Дејли мејл“, која, по пристигнувањето во Париз, одлучила максимално да го искористи своето време таму и веднаш се упатила на разгледување и шопинг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот